Дестинации

Exbury Градините во Њу Форест, Англија

Во групата на најдобрите градини во светот припаѓаат познатите англиски Exbury градини. Едностано невозможно е а да не го привлече вашето внимание оваа неземна убавина. Зафаќа површина од оклу 200 хектати и одалечена е само два часа од Лондон. Во 2001 година е прогласена за “Градина на годината”.

Многу од посетителите доаѓаат за да ја видат парната железница во градината што е допонителна атракција, а претставува 20 минутно уживање патувајќи низ градината со парниот воз. Ќе ве воодушеви и животинскиот свет во оваа градина како што се верверичките, елените, срничките, и зајците што заедно со растителниот свет создава еден совршен спој на природата на едно место.

Ќе бидете изненадени кога ќе слушнете дека има збирка од над десет илјади видови на цветни растенија, особено во мај или јуни кога градината ја достигнува својата кулминација. Ова е навистина совршено место за релаксација и спокојство на вашиот ум.

Напиши коментар