ШоуБиз

Фановите на Гага ја исмејуваат Адел!

Обожавателите на Лејди Гага по пат на Твитер ја навредија пејачката Адел. Љубомората е очигледна, бидејќи уште со првите песни Адел покажа неверојатни гласовни способности, а најзиниот албум е десетти најпродаван за оваа година. Сето тоа, не им оди во прилог на фановите на Лејди Гага.

„Малите чудовишта“ или фановите на Гага решиле да ја испровоцираат Адел на Твитер, а со обзир на тоа што не можеле да ѝ најдат маана за пеењето, почнале да ја зафркаваат за нејзината тежина.

–   Гага повеќе нема да го носи фустанот од месо, бидејќи се плаши дека Адел ќе ѝ го изеде, – напишале на Твитер. Снимиле и клипови во кои ја исмејуваат Адел.

Продуцентите на Лејди Гага ваквото однесување го сфатиле за сериозно, па објавиле соопштение во кое се вели:

–    Лејди Гага не го поддржува исмејувањето врз основа на физчкиот изглед. Тоа се коси со она за што Гага се залага и обожавателите кои прават такви работи навистина ја разочараа!

Напиши коментар