Иако Бредли Купер и Зои Салдана веќе подолго време се обидуваат да ги демантираат гласините кои се шират за нивната наводна врска, по се изгледа дека партнерите од филмот „The Words“ се заедно. Тие дури почнале да им кажуваат на своите блиску пријатели и роднини дека се заедно.
Јунакот од „Мамурлак“ и хероината од филмот „Аватар“ изјавиле дека сакаат празниците да ги поминат заедно и тоа на скијање на Роки планините во Северна Америка. Првите гласини беа во средината на ноември кога двојката била забележана заедно во еден клуб на Менхетен и двајцата се однесувале како вљубени тинејџери.
Останува да видиме дали храбрата аватарка успеа да го фати најсески мажот за изминатава година.


