Здраво тело

Фејсбук ни го менува мозокот!

Луѓето со подолга листа на пријатели на Фејсбук имаат погуста структура во три делови од мозокот, за разлика од оние кои имаат малку пријатели на оваа социјална мрежа.

Сеуште не е утврдено дали оној дел од мозокот за социјалниот живот е поразвиен како резултат на Фејсбукот, или пак заради поразвиен дел тие луѓе имаат поголема листа на пријатели.

Додека се чека на оваа конечна информација да ја напоменеме уште еднаш информацијата која беше кажана од Др. Сузан Гринфилд која од својата студија дошла до заклучок дека со текот на времето, како го користиме Фејсбукот, така ќе се промени нашиот мозок. Таа тврди дека луѓето кои користат Фејсбук со текот на времето потполно ќе се подетинат, ќе бидат неспособни за концентрација, ќе тежнеат кон сензационализмот, и ќе имаат поматено чувство за идентитет на другите луѓе.

Напиши коментар