Во брак е веќе три години, па многу нормално е што Ферги сака да почне да си го планира семејството.
Групата „Блек Ајд Пис“ од декември одат на заслужена пауза, а според раперот Табу, паузата е бидејќи Ферги сака да поработи на правењето дете.
Концертот за збогум ќе се одржи на 23-ти Ноември во Мајами, а кога групата ќе почне повторно да настапува зависи најмногу од пејачката.

– Мора да ја почитуваме Ферги. Ферги е наша сестра. Таа дефинитивно сака да има семејство и ние сме среќни за неа, – изјави раперот на групата.
Инаку, Ферги е во брак со Џош Духамел од јануари, 2009 година, па редно е да им дадеме малку простор да основаат семејство.
