Без разлика дали Ферари ќе направи Фернандо Алонсо изданије, за кое толку се збори во последно време, SA Aperta ќе остане една од најесклузивните верзии на моделот 599.
Произведени се вкупно 80 единки од овој роудстер, но за тоа кои сметаат дека Апертата не е доволно ексклузивна, Новитек Росо има посебен пакет додатоци, кои ќе го подигнат овој модел на уште повисоко ниво.

Германската тјунинг компанија, позната по досредувањето на брзи автомобили, го опреми 6.0 литарскиот V12 мотор на Апертата со два супер-полначи, што ја зголеми вкупната моќност на 876 КС, што е 215 коња повеќе од оригиналната верзија.

Со новиот издувен систем и 21 инчните алуминиумски фелни на предните и 22 инчните на задњите гуми, Аперта според луѓето од Новитек, до стотка ке забрзува за 3.1 секунда, и ќе развива максимална брзина од 340 km/h .

