Некои туристички атракции едноставно ја немале можноста да бидат осмислени од најсовршеното суштество. Сама по себе, природата интервенирала низ периодите на сонце, бура, снег и дошла до совршени ремек дела, кои останале мистерија поради нивната прецизност, симетрија и убавина…до бескрај !
Такво ремек дело е и пештерата Fingal која се наоѓа на пустиот камен остров Staffa, западна Шкотска. Оваа фасцинантна пештера е формирана од колони кои имаат шестоаголен облик. Всушност, шестоаголните базалти се настанати со ладењето на лавата во океанските води. Самиот проток од лава кој ја создал пештерата, создал и гигантни камени творби во Шкотска кои претставуваат фамозна туристичка атракција. На Галски, пештерата е позната како Uamh- Binn што значи „ пештера на мелодијата“, поради прекрасната акустика која се создава од страна на брановите и се шири како ехо.









