Дестинации

Kомплексот Флинстонс – Релаксација во камена доба

Дали сте замислувале дека можете да спиете во атмосферата на Вашите омилени Флинстонси? Ако не- еве една можност. Со неколкучасовно возење од Бангкок Вие веќе сте таму.

Гостите во ова место се буквални гости во некој од објектите со изглед на Фред, Вилма, Барни, Бети и Бруно. Во комплексот има и камена куќа, а и мали кабини со елементи од адвентичниот Флинстоновски стил. Сигурно е примамлива понуда и ресторанот со изглед на бронтосаурус.

Цените за спиење во овие интересни апартмани се од 100-200 долари од ноќ, но секако дека оригиналниот помин овде зазема поголем мотив. Во комбинација со мирното место и високите ридови, вреди да се одмори во сцените од еден од нашите омилени анимирани филмови.

Write A Comment