Motherhood

Формула за среќен брак

Психолог и математичар од универзитетот во Вашингтон, дошле до формулата врз основа на проучување на видео снимки на околу стотина брачни парови што се караат.

Научниците за секоја позитивна реакција давале по еден бод и одземале по еден за негативната, при што предвид бил земен и изразот на лицето и отчукувањето на срцето на секој од партнерите. Формулата е направена врз односот позитивни спрема негативни реакции.

Заклучиле дека сите што имаат пет позитивни бода, а еден негативен живеат во одлична брачна атмосфера. Сите останати кои се под односот 5:1 имаат шанси за развод.

Тие тврдат дека кога мажот и жената се задоволни од својата заедница, разговараат за секакви работи и тогаш кога не се согласуваат за нешто, и доколку низ сето тоа и се шегуваат, значи воспоставиле силна емоционална врска.

Но, за жал, многу парови не знаат да стигнат на тоа ниво, не знаат да се шегуваат и уживаат со партнерот, а недостатокот на емоционалната нишка ги разјадува.

Во истражувањето, исто така, се вели дека големо влијание има и изразот на лицето во односите на партнерите. Оние мажи и жени кои се песимисти и имаат израз на презир ја уништуваат брачната љубов.

 

Write A Comment