Фотографијава што допрва ќе ја видите е една од најдобрите што некогаш биле направени со Кејт Мос и наскоро треба да биде продадена на аукција.
Црнобелиот портрет е направен од Алберт Вотсон во далечната 1993 година, а Кејт во тоа време се согласила да направи неколку голи слики за неговиот објектив.

Вотсон најверојатно има созадено безвременска слика од Кејт за германскиот „Vogue“ и денес оваа фотографија е една од најпопуларните во цел свет. Веднаш по професионалната фотосесија, Алберт ѝ понудил на Кејт да направат неколку голи слики и таа на драго срце се согласила.
Фотографијата, заедно со некои други познати, ќе се најде на продажба во аукциската куќа „Бонамс“ од Лондон на 17-ти Ноември. Се очекува сликата на Кеј Мос да ѝ донесе 18.000 фунти на аукциската куќа.
