ШоуБиз

Француската ѕвезда Заз во Белград на концерт!

Заз ова лето го одржа својот прв концерт во Србија кога пред 15.000 гледачи настапи во Нови Сад. Сега најавува втор, голем концерт во Белград кој треба да се одржи на 1-ви Јуни.

Заз ќе се претстави со огромните хитови „Je Veux“, „Les Passants“, „Prends Garde a ta Langue“, како и со новите нумери „La Fee“ и „Eblouie par la Nuit“.

Пејачката Изабел Жефроа Заз, која доживеа вртоглав успех благодарејќи и на видео-снимката на која заедно со членовите на својот бенд во живо ја изведува песната „Je Veux“ низ улиците во Париз, изразила желба во Белград да настапи на некое отворено место.

Write A Comment