ШоуБиз

Фронтменот на Kiss се ожени по 28 години врска! Арно му текнало:)

Џин Симонс смета дека е крајно време да порасне. Иако со години се противеше да се ожени, 28-годишната врска реши конечно да ја претвори во брак и ја однесе својата девојка Шенон Твид пред олтар.

Фронтменот на бендот „Kiss“ по 28-годишна врска со девојка му Шенон Твид (54) конечно се ожени во саботата. Парот се венчал пред околу 400 гости во хотелот „Беверли Хилс“.

–        Време е да пораснам. Имам 62 години, долго време лудував и правев секакви работи. Имав бенд и патував низ целиот свет. Никогаш, никому му немам речено „Те сакам“. Тешко ми е да ги изговорем тие зборови, па дури и на мајка ми. Сепак, ја сакам Шенон со цело срце и душа и секогаш ќе ја сакам – изјавил Симонс (62).

Шенон на Твитер напишала дека ќе се венча со човекот кој го љуби и дека сите ѝ велеле оти поради тоа ќе заврне. Младоженците ги замолиле гостите наместо свадбени подароци, парите да ги донираат во хуманитарни цели. Во поканите за свадбата имало напишано и специјална порака од двете нивни деца, синот Ник (22) и ќерката Софи (18).

Напиши коментар