← НАЗАД НА БОЗА

Фудбалер на Арсенал стана татко на 19 години!

Фудбалер на Арсенал стана татко на 19 години!
486 Читања

Џек Вилшир и три години постарата девојка станаа родители. Синот им се роди во Лондон и се вика Арчи.

–        Ова е најсреќниот ден во мојот живот – напишал фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшир на својот Твитер и поставил слики со својот новороден син во стил на познатиот, постар колега Дејвид Бекам.

Вилшир, кој е доста важен играч на екипата на Арсенал и кој доби место во репрезентацијата на Англија, стана татко, а има само 19 години. Неговата девојка се породи завчера во Лондон.

Синот ќе се вика Арчи Џек Вилшир, а под сликите на Твитер стои описот „Горд татко“.

Интересно е што Вилшир и девојката која е три години постара од него раскинаа на почетокот од оваа година, но по неколку месеци повторно се смирија.

Биле изненадени кога дознале дека ќе станат родители. Инаку, девојата Лорен Нил работи како фризерка.

Нивните заеднички пријатели се воодушевени. Тие сметаат дека дружбата со синчето ќе му помогне на Вилшир да го преброди тешкиот период поради сериозната повреда која на некое време (барем до почетокот на наредната година) ќе го одделува од фудбалскиот терен.

Вилшир неделно заработува околу 50 000 фунти.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk