Белиот фустан во кој Ејми Вајнахус позираше за насловната слика на својот албум „Back to Black“ е продаден на хуманитарна аукција за повеќе од 40 илјади фунти и тоа го купи еден моден музеј од Чиле.
„Museo de la Moda“ во Сантијаго, за фустанот, кој го креирала познатата дизајнерка од Тајланд Дисаја, издвоил точно 43.200 фунти, иако фустанот првично бил проценет да се продаде за измеѓу 10 и 20 илјади фунти.
На истата аукција со име „Passion for Fashion“ е понуден и еден од фустаните на Одри Хепберн, кој бил проценет измеѓу 40 до 60 илјади фунти, но за жал останат непродаден. Овој фустан Одри го носела во филмот „Празник во Рим“.
