Ексцентричната раперка Ники Минаж секогаш привлекува внимание со невообичаениот изглед, а кога станува збор за луди фризури и перики, за неа дури и Лејди Гага е мало дете.
Виновник за широкиот спектар на перики и фризури е Теренс Дејвидсон, кој специјално за Ники ги прави, бои и суши периките. Теренс вели дека за Минаж има направено толку многу перики што неговиот дом во Атланта е преполн со нив.
Ники секогаш сама си ги бира периките, а Теренс ѝ носи по петнаесет парчиња за таа да одбере од нив. Дејвидсон додава и дека работата со Ники е вистинско уживање бидејќи таа знае што навистина сака.
Погледнете некои од омилените перики на Ники:








