ШоуБиз

Гага и дечкото што го крие

Едно време беше најпозната по хитот „Лоша романса“, а сега и таа самата се наоѓа во романса, која за среќа, и не е така лоша.

Лејди Гага беше забележана како го напушта музичкото студио во Њујорк, а веднаш позади неа одеше 30-годишниот актер Тејлор Кини со кого заедно го снимаа спотот за песната „You and I“. Нивната врска трае неколку месеци и засега се покажува како доста стабилна.

Гага како и секогаш е необична, а нејзиниот дечко беше облечен најнормално, во неформална облека, па не му пречеше ни да си седне на задното седиште во автомобилот на својата девојка.

Лејди Гага неодамна им кажа на своите фанови:

–        Јас не зборувам за мојот љубовен живот, но многу сум среќна.

Еден друг извор, пак, тврди дека оваа врска започнала сосема опуштено, но работите се вжештуваат и добиваат на значење.

Напиши коментар