ШоуБиз

Гага конечно се прошета гушната со дечкото!

И конечно се потврдија шпекулациите! Погледнете ги првите слики на кои Лејди Гага е заедно со нејзиниот дечко, ѕвездата од филмот „Дневниците на вампирот“, 30-годишниот модел Тејлор Кини заедно се шетаат. Двојката конечно се појави во јавност и тоа на прошетка во Калифорнија за време на божиќниот викенд.

И двајцата се прилично нормално облечени, што му доаѓа малку чудно за екцентричниот стил на Лејди Гага. Оделе гушнати и изгледале доста смирени. Воопшто не обрнале внимание на папараците и околните минувачи.

Инаку, Гага го запознала Тејлор на снимањето на нејзиниот спот за песната „You and I“ во која Тејлор беше нејзин љубовник со кој споделија страсни бакнежи и еротски сцени. Ете каде се родила љубовта! Во инспирацијата му е мајката!

Write A Comment