ШоуБиз

Гага не е зелка, туку индиски хипик:)

Лејди Гага не се појави во Индија во фустан од зелка како што се предвидуваше. На прес конференцијата пред својот настап беше облечена како кралица. Носеше асиметричен фустан, дело на индиско-американскиот дизајнер Наема Кана, а на главата носеше пунџа во боите на индиското знаме. „Кралицата“ седеше на престолот цело време, пиеше чај  и разговараше со новинарите за својот настап на трката на Формула 1 во Њу Делхи.

–  Може да се рече дека сум индиски хипик. Напорно работам за секој мој настап да биде поинаков од останатите. За  настапот тука соработувам со еден индиски ди џеј, – изјави Гага, не сакајќи да открие какви креации ќе носи.

–  Облеката ќе биде мешавина од мојата и визијата на Индија. Малку ја модернизирав. Имам неколку изненадувања и многу сум возбудена.

Гага вели дека Индиаја премногу ѝ се допаѓа, а особено Индијците. Цената на картите во Индија за настапот на Лејди Гага е огромна, а тоа се должи на големата побарувачка.

Напиши коментар