Керозин

Ginetta G60

Во последните шест години, шефот на Ginetta – Лоренс Томлинсон ја превзема британската марка од носталгичен остаток од 60-тие и 70-тите години и ја претвори во она што денес е сериозен играч во на британската моторспорт сцена. Тој е професионален возач со импресивна позадина во автомобилскиот инженеринг и е надарен со впечатлива способност да “го направи тоа како што треба”. Малкумина се во позиција да ја разберат целосно, чистата љубов кон возењето, во овој случај, љубовта е  изразена во високи стандарди кои ја отсликуваат новата Ginetta G60.

G60 е редок според сите стандарди – со плановите да бидат произведувани само 50 за секоја година, за глобална дистрибуција. Но, уште поретко е тоа што модерна автомобилска компанија ја оттргнува целата дополнителна електронска апаратура. Откако е усовршена дистрибуцијата на моќност и управливоста, отстранети се дополнителните “помошничиња”, односно: серво кочниците, електронскиот серво волан, ABS и контрола на влечење. G60 е изграден од карбон-фибер материјал, во кој се наоѓа 3,7 литарски “cyclone” мотор со 310 коњски сили, кој достигнува брзина до 300 км/ч. Со тежина од само 1080 килограми, Ginetta G60 забрзува од 0-100 км/ч за само 4.9 секунди.

Write A Comment