Среќната актерка Кери Малиган открива дека сцената во која се бакнува со Џони Деп морала неколку пати да биде кратена бидејќи таа изгледала неприродно и неудобно.
Британската ѕвезда која е номинирана за Оскар, глумеше заедно со холивидскиот срцекршач во филмот од 2009 година – „Јавни непријатели“.
– Требаше да го бакнам неколку пати, – изјави Кери во шоуто на Грахам Нортон.
– Поточно го бакнав 16 пати, но секој пат сцената беше сечена, бедејќи изгледав неприродно. Го бакнував Џони Деп и бев навистина нервозна, – додава таа.

Кери (26) вели дека сеуште ѝ е тешко да прифати дека се појавува заедно со фаци како Џони Деп, а последно глуми заедно со Леонардо ДиКаприо во филмот „Големиот Гетсби“. Таа признава и дека понакогаш ѝ е срам што родителите ја гледаат во секакви сцени.
