Дестинации

Големите песочни дини

Големите песочни дини, лоцирани во државата Колорадо, Соединетите Американски Држави, зафаќаат простор од 340 километри квадратни покриени со волшебни песочни дини. Стари 12 000 години, спаѓаат во највисоките дини во Северна Америка, растејќи до дури 230 метри над висината на долината. Паркот вклучува и други пејзажи карактеристики најдени во пустината, како ледени езера, тундра, шуми, пасишта и мочуришта кои претставуваат живеалишта на диви животни. Посетителите можат да уживаат во пешачење, иако се препорачува да не се оддалечуваат од туристичкиот центар, за време на прошетките да носат компас, во случај ако не се останати траги по дините. Најблизок град кој нуди сместување е Аламоса, 30 милји југозападно од паркот. Исто така паркот нуди и камп сместување. Најблискиот аеродром е во Денвер, главниот град на Колорадо, до кој пак се стигнува со четиричасовно возење.

 

 

Напиши коментар