ШоуБиз

Голиот ангел ги поздравува војниците!

Мариса Милер снимила низа провокативни фотографии со цел да им се заблагодари на американските војници што ги чуваат нејзините постери на ѕидовите.

Овој „Викториин ангел“ доаѓа од воено семејство и фотографиите се направени со цел да се обележи Денот на ветераните.

–  Мојот дедо и мојот вујко се воени ветерани, па во моето семејство најмногу се ценеше должноста и службата кон земјата. Често ги посетувам нашите војници надвор од земјава и секогаш успевам да ги расположам, – изјавила преубавата плавуша.

Таа додава дека нејзините фанови од војската често ѝ праќаат фотографии од нивните простории на чии ѕидови висат нејзините слики и постери, па таа сметала дека ова е најсоодветен начин да им каже „фала“.

Write A Comment