Скарлет Јохансон воопшто не се срами да зборува за своите голи фотографии кои го заобиколија целиот свет пред околу еден месец.
– Знам од кој агол најдобро изгледам, – рекла Скарлет, додавајќи дека овие голи фотографии биле наменети за поранешниот сопруг, Рајан Рејнолдс.
– Во тоа нема ништо лошо. Не снимив порно филм. Макар што и во тоа нема ништо лошо! – изјавила познатата актерка.
– Кој не би сакал да си го заштити приватниот живот? Не значи дека ако сум јавна личност и ако ме има во медиумит, немам право на приватност, – малку налутено ја завршува изјавата.
Инаку, актерката поради украдените слики ги најми FBI, а тие пак, ги пронајдоа хакерите кои објавуваа сè и сешто на интернет порталите.
