Бенвенуто – „Добре дојдовте“ на италијански, е името кое богатото семејство Бутчард му го дало на својот имот, денес дел од националното богатство на Канада. Овие градини, кои на посетителите им нудат 22 хектари прекрасна цветна фантазија, сѐ уште се во приватна сопственост на семејството.
Првата градина е изградена во 1907, под будното око на јапонскиот градинар Исабуро Кишида и веднаш станала многу позната по својата несекојдневна убавина. Оваа градина и денес постои, а набргу по неа, на местото на тениското игралиште никнала италијанска градина, бавчата за зеленчук била заменета со рози и од тука сѐ започнало. Овие градини се познати во Канада и како „каменот во круната на Британска Колумбија“












