Дестинации

Градината Filoli во Сан Франциско

Филоли градината е позната како една од најубавите градини во Америка. Се наоѓа 30 милји јужно од Сан Франциско на источната падина на планината Санта Круз. Кристал Спрингс езерото се наоѓа во северниот дел на градината. Ваквата географска поставеност ја доведува оваа градина до совршенство. Иако градината е отворена само 10 месеци во годината, само една посета на ова волшебно место е сосема доволна да ве исоплни со енергија за цела година.

Изградена во 1917 година, оваа градина има за цел да ги зачува културните традиции и природната историја на земјата. Ова ја прави идеално место и за образование и за уживање. Ја изградил американскиот претприемач Вилијам Боверс, а дизизајнирана е од страна на познатиот архитект Вилис Џеферсон Полк.

Еден сегмент од градината содржи серија на градини кои се прекрасен пример на англо-американскиот градинарски стил, кој беше доста популарен кон крајот на 19 век. Градината се користи за производство на цвеќина и зеленчук. Градината нуди специјални пакети за посетителите, и има посебни места за свадби, фото сесии и состаноци.

Најпопуларниот настан кој еднаш месечно се организира во оваа градина е така наречениот “Попладневен чај во Филоли”.

Поради своите екстремни убавини градината често може да биде видена во многу од холивудските филмови.

Посетете ја и уживајте во совршената комбинација на културни традиции!

Напиши коментар