ШоуБиз

Градник од 2,5 милиони долари ќе носи…?

Миранда Кер, девет месеци по раѓањето на синот Флин, ќе се врати во јатото на „Викторините ангели“ во ноември и тоа со градник кој е вреден само 2,5 милиони долари.

Австралискиот супермодел која неодамна му роди синче на Орландо Блум, се враќа на модната писта уште следнот месец. Се работи за ревија на која Миранда ќе носи еден скапоцен градник.

Претходниот месец, Миранда ја воодушеви публиката со својата заносна фигура на телото во костим за капење, а сега е вистинско време за следниот чекор. Ќе носи толку скап градник што има сите да ѝ завидуваат.

Градникот се вика „Treasure fantasy bra“ од извонредната нова колекција на „Викторија Сикрет“, а еден ваков примерок вреди 2,5 милиони долари. Направен е од разни скапоцени камења.

Напиши коментар