Дестинации

Градот на Инките – изгубената мистерија

Мачу Пикчу се наоѓа во Перу на 2300 метри надморска височина и на 112 километри од Куско во подножјето на Светата долина на Инките…

Се смета дека Мачу Пикчу бил дел од многу голем комплекс од тврдини кои Инките ги користеле за заштита од Индијанците кои живееле во џунглата. Градот е условно поделен на четири делови. Северозападниот дел се наоѓа во регионот, кој најверојатно се користел за религиозни цели. Токму таму се наоѓа и светиот плоштад, како и храмот “трите прозори”, лабораторија која им овозможувала на Инките да ги определат годишните сезони.  Американскиот археолог Хирам Бингјам го открил античкиот град за време на експедиција организирана од престижниот универзитет Јеил. Постојат различни хипотези за основните функции на градот и начините на кои Инките го изградиле, бидејќи реонот е тешко достапен. Голем дел од претпоставките се направени од пронаоѓачот Хирам. Според него, Мачу Пикчу бил најбезбедното место на Инките. Стратешката позиција на Мачу Пикчу послужила за основа и на друга доста популарна хипотеза. Според неа “тврдината” служела за заштита и била користена од Инките како симбол на нивната доминантната позиција во регионот на Амазон, во близина на Куско. Тоа ги објаснува во голема мера сцените, насликаните војници на Инките и обичните војници, наречени “чунчос” – жители на џунглата. Овие сцени се прикажани на дрвени чаши направени од Инките.

Write A Comment