Мода

Графички отисок на здолништето – многу cool

Инвестирајте во шарено здолниште!

Ако сте љубител на street style blogovite  сигурно сте го забележале трендот кој доминира кај познатите уреднички блогерки. Станува збор за графички отпечатени здолништа  кои одредени дами не ги соблекуваат. Меѓу нив најистакната е Taylor Tomasi Hill која буквално е облечена во такви здолништа во комбинација со нешто плетено или пак со проѕирни блузи преку кои носи кожни  јакни. Покрај неа се и многуте  блогерки кои одамна сфатиле дека со такво здолниште не можете да погрешите и дека тоа всушност е доста исплатлива инвестиција.

Ги има скоро во секоја  high street продавница, а ги има и во повеќе модели. Од мини  здолништата кои се најефектни во комбинација со високи штикли, па модели до колена  кои се многу штосни и женствени па се до макси здолништа кои се идеални за лежерен изглед и комбинации со моторски чизми.

Во нашата галерија погледнете ги неколкуте одлични модели кои можете да ги носите на безброј начини.

Write A Comment