ШоуБиз

Хајди Клум и Сил ќе посвојуваат дете!

Поранешниот супермодел Хајди Клум и нејзиниот сопруг, пејачот Сил изразиле желба за проширување на шестчленото семејство. Славниот пар веќе има четири деца.

–  Се спријателивме со Сандра Булок која ни даде нова идеја. Пред некој ден дојде кај нас на гости со својот 18-месечен посвоен син по име Луис, кој инаку Сандра го одгледува сама. На детето му дава одлична прилика за која тоа не е свесно и тоа е сјајно. Хајди и јас разговаравме за посвојување. Не знам од каде би посвоиле дете, но мислам дека ќе го направиме тоа еден ден, – вели Сил.

Сил ја има посвоено ќерката на Хајди од врската со Флавио Бриатори и вели дека тоа воопшто не ги променило неговите чувства кон девојчето и дека го сака подеднакво со своите биолошки деца.

–  Лени не е моја ќерка, туку е посвоена. Сепак, ја сакав уште пред легално да ми стане дете. Тоа го направив бидејќи не сакав Лени да се чувствува поинакво од своите браќа и сестри, кои се презиваат Самуел. Тоа не е во ред. Не сакам на никаков начин да има разлики помеѓу моите деца. За мене сите се исти.

Напиши коментар