Хајди Клум на целиот свет му е позната како супер модел, но неколку пати досега ни дала до знаење какви мажи сака. За Ноќта на вештерките нејзината маска беше прогласена за најоригинална. Сега, кога се ближат новогодишните празници, Клум повторно решила да се маскира…
Фотографијата која ќе имате можност да ја видите ни ја покажува Клум во празнично секси издание, односно маскирана како Баба Мразица. Веднаш по сесијата фотографии, Хајди решила својата слика да ја сподели со своите фанови на Твитер, како би им ги честитала претстојните празници. Под сликата напишала:
– Госпоѓа Мразица замина на работа!
Треба ли да се запрашаме што ќе работи моделот во овој секси костим?

