Дестинации

Harbin Ice – најубавиот снежен фестивал во светот

Харбин, главниот град на Кинеската провинција Heilongijang е познат како снежен рај, култен и  уметнички крај кој изобилува со блескави снежни фигури. Уметноста од снег и мраз го имаше своето деби пред околу триесет години, благодарение на интелигентни и талентирани уметници кои со голем труд и идеја, создадоа многу. Искористувајќи ги зимските услови и додавајќи боја, од местото се создаде воодушевувачки центар кој е посетуван од бројни туристи.

Фестивалот е отворен во периодот од Јануари до  Февруари и претставува фантастична прилика за зимска рекреација. Освен ова што можете да го видите, можете да бидете дел од зимските спортови и активности или само да го набљудувате ова снежно сценарио. Самото место е инспирација и за секакви свечености, уникатни венчавки и интересни натпревари во различни дисциплини. Знаевме дека ќе Ви се допадне и Ви го нудиме како Ваша потенцијална дестинација …

 

Напиши коментар