Љубителите на Астон Мартин можат да бидат задоволни, затоа што се спрема суперспортски модел со мотор испред задњата осовина? Можеби. Пред нас се компјутерски визии на моделот, кој би можел да го носи името Bulldog GT. Да, името не потсетува на концепт од 1980 година, кој имаше V8 агрегат сместен на истото место.
Актуелната понуда на компанијата Астон Мартин претставува “класика”, но тоа наскоро би можело да се промени. Компанијата HBH, која ја основаа Данците Јеспер Херман, Кристиан Брат и Торбен Хартвиг, претставува планови за произведување на нов Астон Мартин модел, со мотор испред задната осовина.

За погонот на овој автомобил би бил задолжен V12 агрегат со зафатнина од 5.935 cm3, кој би развивал “ѓаволски” 666 коњски сили. Оваа вредност се однесува на “амерички” коњски сили, а според нашите мерни единици, мотор постигнува 675 KS. Спринт од место до 100 km/h би траел само 3,9 секунди, а мало изненадување е максималната брзина од само 299 км/h. За кочењето ќе се грижи карбон-керамички систем за кочење.

