ШоуБиз

Хју Џекмен продава кафе…нема пари?:)

Познатиот актер Хју Џекман се досетил како да собере пари кои ќе ги донира во добротворни цели.

Минатиот викенд, сексапилниот актер отворил кафуле во Њујорк. Во него се продава кафе, чај и слични пијалоци, а целиот приход им се донира на оние на кои овие пари им се најпотребни. Пред кафулето се насобрале бројни купувачи и фанови на Џекман кои сакале да пробаат какво е кафето на актерот.

Хју вели дека идејата ја добил додека патувал во Етиопија. Имено, таму запознал еден берач на кафе и додека ја набљудувал неговата напорна работа сфатил колку би било добро ако тој подари нешто од големото богатство кое го поседува.

–  Сретнав еден човек кој го промени целиот мој поглед на животот и на светот. Додека јас и Дукале заедно садевме кафе, видов како работата на еден човек има потенцијал да ја промени целата заедница. Дури работев со него, бев страшно инспириран од она што ме научија тој и неговата заедница, па му ветив дека ќе дадам сè од себе за да му помогнам. Ова кафуле е дел од тоа ветување, – изјавил актерот.

Напиши коментар