ШоуБиз

Хју Грант е татко! За прв пат на 51 година

Хју Грант за прв пат, на 51 година стана татко. Британскиот актер доби ќерка, но не сака да го открие идентитетот на мајката. Детето се родило во почетокот на октомври, но еден негов пријател дури сега ја открива оваа вест.

– Можам со сигурност да кажам дека Хју е горд татко на тоа девојче. Тој и мајката на детето имаа кратка афера. Иако не планираа дете, тој е навистина среќен и ѝ пружа целосна поддршка. Тој и мајката разговараат за сè и се во одлични пријателски односи, – изјавил портпаролот на Хју за „US Weekly“.

Инаку, Грант го бие глас како голем заводник. Беше во врска со Елизабет Харли и со Џемима Кан, а во април се шпекулираше дека е во врска со кинеската актерка Тинглан Хонг.

 

Write A Comment