Популарниот актер Бред Пит веќе подолго време има долга коса, но претежно му е средена и изгледа привлечно, што не е ни приближно како што изгледа на новите шокантни фотографии кои неодамна ги направил.
Бред ги почести своите обожаватели со фризура која изгледа како да ги ставил прстите во штекер.
Тој инаку, се сликал за „New York Times“ и додека си играл со косата, еден фотограф се нашол во негова близина, па успеал да го фати тој момент кога косата на Пит е хаос.
Фотографиите за весникот се инспирирани од разни хорор ликови од историјата на филмот, а покрај Бред, во необично издание се сликале и Џорџ Клуни, Кирстен Данст, Рајан Гуслинг и многу други познати фаци.





