Храмот Лотос
Куќата на обожување на религијата Бахаи, во Делхи, Индија, е позната и како
Храмот Лотос заради неговата интересна форма – цвет на лотос.
Изграден е во 1986 година, и служи како главен храм на Индискиот Субконтинент.
Самата зграда има освоено многу архитектонски награди и е многу добар пример за експресионистичка архитектура. Изградена е од бетон, има циркуларна форма со девет страни. Самата зграда е туристичка атракција, и досега ја имаат посетено околу 70 милиони туристи.
Храмот е отворен кон сите луѓе, без разлика на тоа на која религија прираѓаат, и внатре можат да се молат сите верници од сите религии на својот јазик. Единствено не е дозволено да се свират музички инструменти, а можат да пеат само хорови.
Индијците овој храм го нарекуваат „храмот Мајка“ . неговата градба траела 6 години. Самиот храм симболизира мир и спокојство. Има девет „листови“, девет прекрасни езерца, девет врати, кои ги симболизираат деветте главни религии во светот.













