← НАЗАД НА БОЗА

Храна што ќе ви го продолжи животот! 10 топ артикли за сите нас :)

Храна што ќе ви го продолжи животот! 10 топ артикли за сите нас :)
2604 Читања

Кој несака да живее поздраво и подолго? Со помош на овие намирници ќе можете да го постигнете тоа…

1. Брсуница – помага во заштитата на инфекции на уринарниот тракт, ракот, штити од бактерии. Доаѓа од фамилијата бобинки а содржи големо количество на витамин Ц и антиоксиданси.


2. Лосос и други риби – содржат омега 3 киселини, кои се борат речиси против сите болести, а помагаат во нормалното функционирање на мозкот и срцето.


3.Рибино масло – тоа ќе го намали холестеролот во крвта, а со тоа и ќе помогне да не дојде до згручување на крвта во мозкот. Моќта на рибиното масло е исто така потврдена за добрата состојба на срцето.


4.Грозје – сокот од грозје или виното се дарови од боговите. Тие имаат големо количество на антиоксиданси.


5.Зелен чај – најпопуларен во Јапонија, тој содржи витамини како што се А, Ц и Е, а исто така има функција на антиоксиданс. Ефикасен за подобар имунитет.


6. Камилица – таа најчесто се користи за лекување, но и да ги опушти и релаксира нервите. Го редуцира стресот и напнатоста. Помага во детоксикација на телото.


7. Ореви, лешници, бадеми – сите овие доколку консумирате по една шака на ден ќе ви го продолжат животот, а ќе го намалат ризикот од срцев удар.


8. Спанаќ – еден од најдобриот антиоксиданс, богат со фолна киселина, кој е ефикасен во борбата против ракот, срцевите заболувања, некогаш и за ментални нарушувања.


9. Домати – доматите може да го подобрат вашиот имунитет, да го намалат ширењето на бактериите, да го намалат ризикот од рак, особено оние на простатата, белите дробови и дебелото црево. Тие содржат многу моќен антиоксиданс наречен ликопен.


10. Интегрални зрна – содржат анти канцер состојки, помагаат да се регулира крвниот притисок и шеќерот во крвта. Јачмен, ориз, и дурги вакви зрна не треба да се консумираат премногу. Доволно е да се изеде една обарена чинија зрна, или пак добро парче интегрален леб.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk