Здраво тело

Храна за подобра меморија

Здравиот начин на исхрана го намалува ризикот од дијабетес, хипертензија и срцеви заболувања, но сеуште не е јасно дали е точна хипотезата дека има улога во превенцијата и на Алцхајмеровата болест.

(Националниот институт за Здравје, од неодамна ги потврди резултатите на недоволните докази дали начинот на исхраната, диететскиот режим, или животниот стил имаат улога во превенција на Алцхајмеровата болест).

Во поматамошниот текст се набројани типовите на храна за кои истражувачите сметаат дека имаат улога во одржувањето на тонусот на целото тело – вклучително и Вашиот мозок.

Маслиново масло

Статистиките ги поддржуваат типовите на храна кои се богати со витамин Е, вклучително и растителните масла, семињата, оревите, путерот од кикиритки и зрнестите намирници. Користа потекнува само од храната а не и од суплементите.

Моќниот антиоксидант – витаминот Е, може да помогне во заштитата на невроните. Кај Алцхајмеровата болест, невроните во одредени делови од мозокот изумираат, со што започнува каскада на настани кои водат до когнитивно пропаѓање (детериоација).

Риба

Сомот, крапот, туната и останатите видови на риби се богати со омега 3 масни киселини, како и ДХА (докосахексеноична кислеина). За мозокот ДХА се верува дека е мошне важна во однос на функционирањето на невроните.

Јадењето повеќе риба значи внесување на помалку црвено месо и останати форми на протеини кои се високо-ризични за развивање на масни депозити во артериските крвни садови.

Темно-зелени листести зеленчуци

Брокулите, спанаќот, кељот и прокељот, итн… се одлични извори на витамин Е.
На пример, една порција на свеж спанаќ сочинува 15% од Вашиот дневен внес на витамин Е.

Сеуште не е докажано како фолатите го заштитуваат мозокот, но се смета дека намаленото ниво на амино киселината позната како хомоцистеин игра голема улога во тоа. Високото ниво на хомоцистеинот може да предизвика смрт на нервните клетки во мозокот, но фолната киселина помага во неговата разградба.

Високи нивоа на хомоцистеин исто така се поврзани со зголемен ризик од срцеви болести.

Авокадо

 

Овој тропски зеленчук налик на овошје, е секако богат извор на антиоксиданси и витамин Е. Според истражувањето од страна на Морис и неговите соработници, храната богата со витамин Е – вклучително и авокадото, што исто така е богато со витамин Ц, е асоцирано со намален ризик од развој на Алцхајмерова болест.

 

 

Напиши коментар