Убавина

Храна за убавина

Велат дека секоја намирница доколку се конзумира редовно и оптимално, но во умерени количини е добра и здрава. Но, сепак ќе ги издвоиме оние кои имаат најсилен ефект како на самиот организам така и на убавината на кожата и телото.

Авокадо – тоа е најголем извор на биотин кој влијае на сувата кожа, ги јакне ноктите и и дава сјај на косата. Но, не треба да претерувате со него. Доволно да е да го имате на своето мени два до три пати месечно. Од авокадото може да направите и маски за лицето, бидејќи и на тој начин тоа ќе ја освежи косата.

Домати– тие се богати со ликопен состојка која благотворно делува на изгорениците од сонце. Може да ги внесувате во организмот доколку ги јадете или пак направете маска за лице со домати. Тие одлично ја ревитализираат кожата.

Лосос – е врста на риба која го забавува процесот на стареење бидејќи содржи астакатин, каротеноид кој ја подобрува еластичноста на кожата. Еластичноста е суштинска за да не се појавуваат брчките.

Грав – на многумина од нас не ни е омилена намирница, но треба да знаете дека е перфектна за здравјето. Гравот може да ги обнови оштетените ќелии, бидејќи за време на варењето се ослободува протеинот во амино киселини кои благотворно делуваат на брза регенерација на ќелиите на кожата и колагенот. Доколку ви е тешко да го јадете направете маска од варен грав. И на тој начин ќе и помогнете на кожата на лицето.

Напиши коментар