Адријана Лима е забележана како излегува од една клиника за естетска хирургија, па се претпоставува дека отишла со цел да си го освежи лицето со ботокс.
Се чини дека бразилската убавица одлучила ниеден детаљ да не го преостава на случајности. Во вторникот е видена како со забрзани чекори напушта една клиника за пластична хирургија во Њујорк.

Од причина што оваа клиника е специјализирана за корекција на лице, се претпоставува дека Лима, која летото наполни 30 години, била на ботокс третман за да ги испегла малите пори на лицето пред грандиозната ревија на „Victoria’s Secret “која ја очекуваше. На оваа ревија, Лима беше една од најстарите манекенки.
