ШоуБиз

И “џуска” и синчето го чува! Кој ако не…?

На Сандра Булок не ѝ пречеше да се влезе во улогата на пират со цел нејзиното синче да ужива во маскенбалот, исто така преправено во мал пират.

Малиот Луис Бардо носеше облека која во целост потсетува на пират, а за да не заостане зад него, 47-годишната мајка си стави голема пиратска шапка. Инаку, целиот настан се случува во забавниот парк Брентвуд, каде на Сандра ѝ се придружија уште неколку пријатели со своите деца.

Луис е роден во Њу Орлеанс, а актерката го посвои во 2010 година, додека беше заедно со Џеси Џејмс. Покрај тоа што Булок е одлична мајка, таа секогаш има време и за ноќни лудувања. Неодамна беше видена како се забавува со Хајди Клум до доцните утрински часови во еден ноќен клуб во Лос Анџелес.

Напиши коментар