ШоуБиз

И фустанот на Одри Хепберн на аукција

Фустанот кој актерката Одри Хепберн го носеше во филмот „Празник во Рим“, а потоа и на доделувањето на Оскарите, ќе биде продаден на аукција на 29-ти Ноември во Лондон.

Се очекува чипкениот фустан во боја на слонова коска, дизајниран од Идит Хед, да достигне цена од 40.000 до 60.000 фунти. Хепберн го носеше во завршната сцена на филмската класика од 1953 година, а потоа со мали промени го носеше и на Оскарите каде ја доби наградата за главна женска улога.

Дизајнерката на фустанот, тогаш доби Оскар за најдобра костимографија во филмот во кој покрај Одри, глумеше и Грегори Пек.

Фустанот го викаат „среќен“, а Одри ѝ го подарила на својата мајка Ели Ван Хемстер, која подоцна им го подарила на едни американски пријатели. Тие пак, сега го продаваат на аукција, пропратен со писмо во кое се потврдува автентичноста на фустанот.

Write A Comment