Восочната фигура на најдобриот тенисер на светот, србинот Новак Ѓоковиќ, до крајот на оваа година ќе биде поставена во Музејот на восочни фигури кој се наоѓа во Јагодина.
– На фигурата Ѓоковиќ ќе носи дрес, патики и оштетениот рекет кој тој го фрли за време на еден меч, – изјавила диреторката на музејот, Валентина Ѓорѓевиќ. Таа се надева дека Новак, и покрај бројните обврски, ќе успее да биде присутен за време на поставувањето на фигурата.

Ѓоковиќ е трет по ред српски спортист, кој по Владе Дивац и Саша Ѓорѓевиќ, добива своја восочна фигура во музејот во Јагодина.
