ШоуБиз

И официјално, Ким се разведува!

Ким Кардашијан се разведува од Крис Хемфри по само 72 дена поминати во брак. Американските и британските медиуми јавуваат дека старлетата веќе поднела барање за развод поради „непремостливи разлики“. Веста прв ја објавил продуцентот на нејзиното реално шоу, Рајан Сикрест и тоа на својот Твитер: „ Да, Ким утрово побара развод. Ми се довери. Наскоро ќе добиете и изјава“. Ким засега нема коментирано ништо во врска со оваа вест, а таблоидите тврдат дека се очекува службена потврда за разводот.

Наводно, Ким ја ангажирала една од најдобрите адвокатки за разводи, Лаура Васер која ги има застапувано и Бритни Спирс, Марија Шрајвер, Анџелина Џоли и Рајан Рејнолдс. Ким е забележана на Ноќта на вештерките без Крис и сè почесто се појавува без него.

Иако во последно време се трудеа да изгледаат нормално и заљубено, по сè изгледа на нивниот брак му дојде крај. Воопшто не се слагаат, а како што изгледа нивниот брак беше само добра претстава за јавноста. Од свадбата заработиле само 18 милиони долари.

Инаку, Ким потпиша предбрачен договор што значи дека си го заштити својот имот од делби со значајно понемашливиот Крис. За неа, ова е втор пропаднат брак.

Write A Comment