ШоуБиз

И по трет пат најсексипилен маж на светот е…?

Најпознатиот вампир на светот Роберт Патинсон по трет пат ја освои ласкавата титула: најсексапилен маж. Веднаш зад него се наоѓа актерот и воедно негов колега од филмовите „Самрак“ Тејлор Лотнер.

Списанието „Гламур“ го прогласи Роберт Патинсон за најсексапилен маж за 2011 година. Познатиор вампир по трет пат ја освојува оваа титула, а покрај него и неговиот колега во златната петорка се сместија и Џони Деп, Дејвид Бекам и Зак Ефрон.

Во анкетата учествувале повеќе од 40.000 луѓе, а од списанието тврдат дека испитаниците имаат одличен вкус и осет за сексапилност. Малку подолу на листата се наоѓаат Џорџ Клуни и Џастин Бибер.

Напиши коментар