ШоуБиз

Иако ја претепа таа е негова обожавателка…нема време да го мрази!

На Ријана ѝ е мило што нејзиниот поранешен дечко успеа да се дигне од дното каде се наоѓаше кога ја прекинаа врската и кога цел свет беше против него. Сега е негова голема обожавателка и му посакува сè најдобро.

Нивното раскинување беше едно од најбурните во целиот свет и историја на шоубизнисот. Сепак, Ријана успеа да заборави сè и да му прости. Крис Браун (21) доби пет години условна казна откако ја претепа Ријана (23), а таа реши да помине преку тоа бидејќи да мрази и да мисли на она што се случило ѝ одзема премногу време .

–        Среќна сум што кариерата му тргна на подобро и додава уште дека му се восхитува на успехот кој го постигнал додека скоро цел свет беше против него.

–        Ја обожавам неговата музика, од секогаш сум била негова обожавателка, а тоа и понатаму ќе останам, – изјави пејачката.

Инаку, Ријана и по инцидентот во 2009 година некое време беше заедно со Крис давајќи му втора шанса, но и тоа многу не траеше.

Напиши коментар