Sweet Home

Идеално чист дом

За да го одржите домот секогаш уреден, прво мора да биде добро исчистен за да знаете од каде да почнете.

Обезбедете им на сите работи во вашиот дом свое место. Многу е поверојатно дека ќе бидат секогаш наредени доколку сите знаат каде или на кого припаѓаат.

Потрудете се, пред легнување во кревет, сите да си ги соберат личните работи и да ги однесат во својата соба.

Кога ќе излезете од под тушот, соберете ја со крпа на подот насобраната вода и сапуница.

Кога децата си играат во кадата, исчистете го мијалникот, огледалото и тоалетот ( и така за тоа време мора да бидете во бањата).

Со лесна, рачна вакуумска правосмукалка собирајте го отпадот веднаш откако ќе се направи.

Дозволете им на децата да ви помогнат – дури и најмалите можат да научат сами да си ги креваат на место играчките, може да им дадете чистач за прав и сл.

Чувајте кутија или корпа веднаш до скалите за да ги чувате работите кои треба често да ги качувате нагоре/надолу. Направете си навика да ја празните корпата во одредени денови од неделата, или уште подобро – секојпат кога ќе ги користите скалите.

Здиплете ја облеката веднаш штом ќе ја извадите од жица или од машината за перење.

Измијте ги чиниите веднаш откако ќе ги употребите или ставете ги во машината за садови. Подоцна кога машината ќе биде доволно полна, се што треба да направите е да ја вклучите наместо да се соочувате со полн мијалник од валкани садови, и замислете го сето ова на крајот од заморниот ден.

Одредени соби направете ги да бидат „зони“ ослободени од детски играчки или поставете правило – само една играчка во исто време може да биде донесена на тоа место. Особено во ходникот или во собата каде може да ви влезат гости, ова е најдобар начин за да се справите со нередот и да добиете пристоен простор за неочекуваните гости.

Чувајте чисти крпи за бришење во кујната и во бањата, за да може да избришете прашина кога имате некоја слободна минута.

Добро е да имате посебно место за чевлите веднаш до влезната врата. Може да биде клупа која се отвора за складирање, плакар за капути, рамка со полици за чевли или кутија – без разлика, важно е да имате место чевлите да се наредат, а не да прават опасен неред за сопнување. Дополнително, децата кои никогаш не можат да си ги најдат чевлите – со ова сте го решиле проблемот!

Одберете мебел со вграден систем за чување. Употребувајте помошна маса за вашите занаетчиски работи, фотелја или двосед што се отвора за да ви ги собере старите списанија и сл.

Кога станува збор за списанијата, чувајте ги само оние од тековниот месец. Можете да ги исечете само оние статии или делови кои ве интересираат и остатокот фрлете го. Или уште подобро, дадете го списанието на некој друг и прифатете некој совет/статија/рецепт директно он – лајн.

Попуштете пред навиката да купувате премногу работи одеднаш. Ако веќе имате доволно проблеми со чување и одржување на некои предмети кои веќе ги имате во домот, тогаш не ви требаат повеќе такви работи за да имате уште повеќе неволји со чистењето!

Барем малку помош, без разлика дали ќе побарате помош од жена која ќе ви помогне со чистењето 2 пати во месецот или ќе му пренесете неколку обврски на сопругот и на постарите деца. Вие не сте одговорни сами да ја чувате целата куќа во најдобар ред и постојано да ја чистите (или барем не би требало така да биде).

Подучете ги вашите деца да ја користат истата чаша во текот на денот. Дали само јас сум уморна од постојано миење на чаши?

Местете го креветот секое утро. Тоа ќе направи собата да ви изгледа многу поубаво, а дури можеби и ќе ве охрабри за да го исчистите и остатокот од собата.

Кога ќе фатите некоја работа и ќе ја поместите – тогаш вратете ја повторно на место. Не ја ставајте на друго место каде што не припаѓа, а и Вие нема никогаш да се сетите каде може да сте ја затуриле. Не одложувајте, само поставете сè на свое место!

Прифатете го фактот дека не можете да бидете Супер-Жена, Марта Стјуард, натпросечен директор и вредна домаќинка истовремено. Всушност, Вие не треба да бидете никој од претходно споменатите. Бидете тоа што сте. Па, доколку се чувствувате добро и со неколку слоеви на прашина, како замена за повеќе слободно време со вашите деца – тогаш тоа е сосема во ред.

 

 

Напиши коментар