Мојата кујна

Идеално со пиво…

Ова е интересен предлог за сите оние кои го сакаат пивото. Овој рецепт се подготвува кога пиете пиво. Одлична комбинација…

Потребни состојки:

–      кисели краставички една тегла

–      две јајца

–      брашно

–      сол

–      масло за јадење

 

Најпрво исецкајте ги краставичките. Потоа изматете ги јајцата.

Додаете ја солта.

Потоа ставете го и брашното.

Краставичките потопете ги во смесата и ставете ги во загреано масло да се пржат.

Откако ќе се испржат ставете ги на решетка да се исцеди непотребната мрснотија. Посолете уште еднаш.

Направете сос со павлака, мајонез и оригано.

Послужете со пиво!

Напиши коментар