Убавина

Идеја за шминка во есенски бои – фото лекција

Денес Ви претставуваме идеја за шминка во есенски нијанси.

Како да ја направите?

Од средината на горниот капак до крај нанесете сиво зелена нијанса сенка за очи и малку издолжете во крајот.

По  целата површина односно по должината на линијата каде се превиткува горниот капак нанесете темно кафејава сенка со бисерна текстура, како што е прикажано на сликава.

Почетокот на горниот капак покријте го со брокатни сенки, бидејќи тие ги менуваат нијансите во зависност од аголот на светлина, варирајќи од розово до топло оранжево.

Со помош на чиста широка четка преминете по должината на капакот, за да осигурите равномерно преливање на различните нијанси.

Во внатрешниот дел од окото направете акцент со помошта на правообразни бледо златни сенки.

Целот долен капак покријте го со златисто жолти брокатни сенки.

Врз горниот капак, од средината до крајот, нанесете црна линија со туш, која ќе ја издолжите во крајот.

Нанесете 2 слоја маскара на горните трепки.

Шминкава се комбинира идеално со обетки или аксесоари во медова боја, бронза или старо злато.

Напиши коментар