Познатата марка Пако Рабан најави дека новото заштитно лице на парфемот „Black XS L’Excès“ ќе биде музичката ѕвезда Иги Поп.
Контроверзниот музичар ќе се појави во рекламата на овој бренд парфеми следната година, кога и самиот парфем ќе биде достапен на пазарот.
„Black XS L’Excès“ ќе го има во машка и во женска верзија, а премиерното претставување ќе биде во јануари, следната година, во Франција. Токму во Франција за прв пат ќе се појават рекламите и билбордите со Иги Поп.
Овој музичар е широко познат по своите лудории за време на концертите. Поради тоа, целата оваа приказна со парфемот ќе биде забележана од многу луѓе и ќе може да се протолкува на повеќе начини.
